Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Ристески за МИА: Преку разни мерки ќе се регулира цената на енергентите, нема потреба од паника

Шеталиште 02/03/2026 15:20
Marjan-Risteski

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески за МИА вели дека по конфликтот на Блискиот Исток и очекувањата за влијание и на македонската економија, нема потреба од паника и оти ќе следуваат мерки за што помал удар од зголемувањето на цената на енергенстте во формулирањето на цените на другите производи.

Ристески во интервју за МИА денеска истакна дека Министерството за економија и труд и Владата будно ја следат состојбата, a доколку не се прошири конфликтот, ќе биде задржан трендот на намалување на инфлацијата.

– Воениот конфликт во Иран навистина прави тектонски потрес во економијата во светски размери бидејќи Иран е еден од главните играчи во производството и дистрибуција на нафта во светот. Ние сме мала увозно зависна држава, особено увозно зависна од разни енергенти, нафта. Сметаме дека можеби ќе има некое влијание сето ова, меѓутоа да оставиме како ќе се одвиваат понатаму процесите во врска со воениот конфликт, сметајќи дека бргу ќе биде завршен. Доколку не, тогаш она што ќе биде како светска политика во надминувањето на оваа криза, ќе треба и ние да го прифатиме со одредено адаптирање на нашата економија со цел да имаме помал удар врз зголемувањето на енергентите во формулирањето на цените на производите – домашните производи, увозните производи, оние што ги извезуваме од Македонија – вели Ристески.

За идните влијанија од конфликотот врз македонската економија, како што рече, се разговарало и на вчерашната седница на Советот за безбедност и најавува дека на јавноста навремено ќе ѝ бидат соопштени идните чекори.

– Засега би упатил смирување до граѓаните – нема потреба од одредена паника. Ќе гледаме преку разни мерки понатаму, кои ќе следуваат, да се регулира цената на енергентите, која е еден од главните инпути во составувањето на цената на производите, со цел да не се создаде поголема инфлација, раст на цени и поткопување на животниот стандард на граѓаните и нивната куповна моќ. Како Министерство за економија и труд, исто така и Владата, будно ја следиме состојбата и јавноста навреме ќе биде известена за сите мерки што ќе ги преземеме – рече Ристовски.

Во вакви ситуации укажува дека поранливи се секако покревките економии, како што е нашата, и вели дека Министерството за економија и труд, и покрај конфликтот со Иран, прави максимални напори цените во маркетите и на пазарите да останат стабилни, особено на основните производи за живот на граѓаните.

– Преку редовните контроли на Државниот пазарен инспекторат, преку влијанието на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која исто така ревносно работи на сузбивањето нефер трговии, кои беа предвидени во Законот за забрана на нефер трговските практики, преку зголемена транспарентност на цените на маркетите и другите владини политики, како што се поголемите инвестиции, подобрување на економската состојба, постепено зголемување на платите на граѓаните, очекуваме да имаме стабилизирачка година. Инфлацијата да се доведе на минимално ниво, од 2,5 до 3 проценти е предвидувањето и на Народната банка и на Владата и мислам дека сме на добар пат и последниот месец имаме благо намалување на инфлацијата од 0,7 проценти. Се надевам дека во наредниот период ќе биде задржан трендот на намалување на инфлацијата доколку не се прошири воениот конфликт, каде што не можеме да влијаеме, и оти оваа граница на европска висина на стандард, на инфлацијата, бидејќи блага инфлација значи и развој на државата од 2,5 до 3 проценти, што е и економски оправдано, ќе гледаме да ја задржиме во наредниот период и со тоа да го заштитиме животниот стандард на граѓаните, нормално – вели заменик-министерот за економија во интервјуто, што МИА ќе го објави во целост дополнително.

Извор и фото: МИА 

Continue Reading

Претходно: Лефков: СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија, преку случајот со државјанството на рускиот државјанин Онишченко
Следно: Катар го суспендира производството на гас – цените експлодираа

Поврзани вести

dsc_1520-1536x1133
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

Димитар Петковски 12/03/2026 10:44
sv-agatangel-594x460
  • Македонија

Денес се празнува Свети Агатангел Битолски

Шеталиште 12/03/2026 10:21
20260312102727_big_730x400_26
  • Македонија

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“

Шеталиште 12/03/2026 10:16
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре thessaloniki-e75-750x375 1
  • Балкан

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре

12/03/2026 12:06
Златото денеска се продава по 144 евра за грам zlato-960x540-1 2
  • Економија

Златото денеска се продава по 144 евра за грам

12/03/2026 10:55
Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа dsc_1520-1536x1133 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

12/03/2026 10:44
Денес се празнува Свети Агатангел Битолски sv-agatangel-594x460 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Агатангел Битолски

12/03/2026 10:21
Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“ 20260312102727_big_730x400_26 5
  • Македонија

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“

12/03/2026 10:16

Можеби сте пропуштиле

thessaloniki-e75-750x375
  • Балкан

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре

Шеталиште 12/03/2026 12:06
zlato-960x540-1
  • Економија

Златото денеска се продава по 144 евра за грам

Шеталиште 12/03/2026 10:55
dsc_1520-1536x1133
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

Димитар Петковски 12/03/2026 10:44
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (12.03.2026)

Шеталиште 12/03/2026 10:37

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани