Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Ристески: Ќе ги разгледаме резултатите, потоа ќе одлучиме за мерки за цени и маржи

admin 29/04/2025 00:00
marjan-risteski-1024x570-1

Министерството за економија ќе ги анализира финалните резултати од мерката за лимитирани цени и маржи, пред да донесе одлука за идните чекори, изјави денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.

“Од она што го имаме досега од Државниот завод за статистика резултатите се добри, но ги чекаме крајните резултати кои ќе бидат готови наредната недела,” рече Ристески.

Тој додаде дека, “Ако има потреба би продолжиле со мерката, а ако нема тогаш останува пазарната економија да ги регулира цените,” одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на експертскиот форум во рамки на проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“, организиран од Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ).

Ристески изрази надеж дека сите учесници во трговскиот ланец веќе сфатиле дека приоритет треба да бидат граѓаните и заштитата на нивниот животен стандард. “Сите заедно треба да направиме се за да го заштитиме стандардот на граѓаните и да не правиме вештачко подигнување на инфлацијата и цените кога нема економски прилики за тоа, односно да ги почитуваме законите на економијата,” истакна Ристески.

Тој исто така објави дека Министерството за економија е во завршна фаза на изготвување на Просечната потрошувачка кошничка, која ќе треба да помине низ неколку фази на разгледување, вклучувајќи го и Економско-социјалниот совет каде што ќе биде анализирана од синдикатите, работодавачите и Владата. Потоа, како што рече, ќе биде претставена на јавноста.

Ристески појасни дека Просечната потрошувачка кошничка се базира на прецизни информации од Државниот завод за статистика и Државниот пазарен инспекторат, при што цените на основните прехранбени производи се земени од различни маркети низ целата земја. “Податоците од просечната потрошувачка кошничка исклучиво ќе се користат за создавање и креирање квалитетни економски политики за заштита на животниот стандард, а не за креирање на јавното мислење,” нагласи тој.

Тој додаде: “За тоа ќе ни требаат релевантни податоци од институциите и Државниот пазарен инспекторат врз база на кои ќе градиме квалитетни економски мерки што ќе го штитат животниот стандард”.

Мерката за ограничени цени и маржи, воведена од Владата пред рамазанските и велигденските празници, истекува утре. Според податоците од Државниот завод за статистика, таа придонела за стабилизирање на цените и намалување на инфлацијата во делот на основните прехранбени производи.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (29.04.2025)
Следно: Првите последици од воведените тарифи се видливи во американските пристаништа

Поврзани вести

VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спин и манипулација, Филипче и СДСМ да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога

Шеталиште 15/02/2026 09:39
sdsm
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Кој дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално?

Шеталиште 15/02/2026 09:37
dozd
  • Вести
  • Македонија

Повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Шеталиште 15/02/2026 09:37
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг со новинари и седница на земјоделската комисија sobranie 1
  • Македонија

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг со новинари и седница на земјоделската комисија

16/02/2026 08:16
УХМР: Исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска каде сè уште има опасност од излевање reka 2
  • Македонија

УХМР: Исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска каде сè уште има опасност од излевање

16/02/2026 08:14
Променливо облачно, од утре заладување со нови пообилни врнежи од дожд и снег dozd-scaled 3
  • Македонија

Променливо облачно, од утре заладување со нови пообилни врнежи од дожд и снег

16/02/2026 08:02
До 15. март не тргнувајте на пат без зимска опрема во возилата 11112014111409_zimska-oprema 4
  • Македонија

До 15. март не тргнувајте на пат без зимска опрема во возилата

16/02/2026 08:00
ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спин и манипулација, Филипче и СДСМ да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога VMRO-DPMNE 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спин и манипулација, Филипче и СДСМ да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога

15/02/2026 09:39

Можеби сте пропуштиле

sobranie
  • Македонија

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг со новинари и седница на земјоделската комисија

Шеталиште 16/02/2026 08:16
reka
  • Македонија

УХМР: Исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска каде сè уште има опасност од излевање

Шеталиште 16/02/2026 08:14
20260216083504_big_730x400_12
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Хередитарна спастична параплегија/Стрампел-лореинова болест

Шеталиште 16/02/2026 08:11
dozd-scaled
  • Македонија

Променливо облачно, од утре заладување со нови пообилни врнежи од дожд и снег

Шеталиште 16/02/2026 08:02

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани