Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Спорт
  • Останати

Ристовски на јубиленото издание на Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“: Да ја чуваме традицијата и вистинските вредности

Шеталиште 31/05/2026 08:26
Borko

Ова е спортска традиција која трае многу години и треба да ја чуваме – порача министерот за спорт Борко Ристовски на одбележувањето на јубилејното 50.издание на Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“ во Радовиш на кое присуствуваа и градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов како и бројни поддржувачи на борењето и вљубеници во овој спорт

Турнирот,на кој настапија борачи од 10 земји и централната свеченост, се одржа во салата „25 Мај“ која минатата година беше комплетно реновирана со инвестиција обезбедена од Министерството за спорт.

-Радовиш е спортски град, град на борењето, а ова е една традиција која трае многу години и организаторите заслужуваат пофалба за ваквата организација. Упатувам честитки до сите боречки легенди и до сите оние што го сакаат борењето. Турнирот „Македонски бисер“ пет децении е симбол на традицијата и на спортскиот дух и тоа треба да го чуваме. Министерството за спорт секогаш ќе ги поддржува ваквите спортски настани, секогаш ќе стои на страната на вистинските спортски вредности и ќе вложува во младите таленти и во создавањето на подобри услови за спортот – истакна Ристовски.

За поддршката и успешната соработка со Министерството за спорт, на министерот Борко Ристовски му беше доделена плакета.

Јубилејот на еден од најстарите и најреномирани спортски турнири во Македонија беше одбележан со повеќе активности и пригодна свеченост на која беше промовирана монографијата „50 години Македонски бисер“, посветена на историјата и развојот на турнирот низ децениите.

Во натпреварувачкиот дел, македонскиот борач Омер Мемеди го освои трофејот „Македонски бисер“ на јубилејниот 50-турнир, Расул Шапиев е прогласен за најдобар домашен борач, а Раду Лефтер од Молдавија го доби признанието за најдобар странски борач.

Фото: Министерство за спорт / Извор: МИА

 

Continue Reading

Претходно: Седми конгрес на НСДП
Следно: Извештај на ЈО за ПИ мерки: Лани биле прислушувани и следени 365 лица, имало и инфилтрација во криминалните групи

Поврзани вести

img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
Screenshot 2026-06-16 105657
  • Спорт
  • Останати

Ивана Пејовска дел од ЦЕВ „Тренерската конвенција 2026“ во Португалија

Димитар Петковски 16/06/2026 08:57
723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Димитар Петковски 15/06/2026 16:26
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината image-253989 1
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

18/06/2026 08:02
Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп а 2
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

18/06/2026 08:00
Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа nafta-1 3
  • Економија

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

18/06/2026 07:48
Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло zesko-sonce 4
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

18/06/2026 07:48
Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура megjunarodna-vozacka-dozvola 5
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

18/06/2026 06:43

Можеби сте пропуштиле

image-253989
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

Шеталиште 18/06/2026 08:02
oriz-so-pileshko
  • Рецепти

Ориз со пилешко и зеленчук

Шеталиште 18/06/2026 08:01
а
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

Шеталиште 18/06/2026 08:00
simona-bitola
  • Настани

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола

Шеталиште 18/06/2026 07:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани