Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија

Шеталиште 07/05/2026 11:24
20260507131408_big_730x400_72

Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, најавува анализа на четирите тарифни блока во сметките за потрошена електрична енергија за корисниците на регулираниот пазар и порачува дека според него нелогично е да се плаќаат четири цени за ист берзански производ.

– Мој личен став е дека се треба да се отвори и ова прашање ќе го разгледаме во наредниот период дали да има блокови или не или поинаку да се димензионираат. Ќе напраиме анализа од досегашното искуство бидејќи веќе неколку години функционираат блоковите и е важечко решение. Воедно, од искуствата од регионот ќе видиме како може да се направи нешто и дали може да се направи нешто подобро во интерес на крајните потрошувачи – изјави Ристов во одговор на прашање по денешната средба со новинарите во просториите на РКЕ и додаде дека во секој случај уште еднаш ќе се направи анализа.

Можно е, најави, да направиме некаков нов начин, кој ќе биде поправичен.

– Неправичноста на постојниот систем е што иста енергија се плаќа по разни цени. Енергијата е берзанска стока со цена и оној што произведува ја продава по иста цена, а сè друго е социјална категорија која треба да се усогласува со државата. Не може да постојат пет цени за ист производ. Затоа ќе ги разгледаме искуствата од примената на тарифниот систем и ќе направиме анализа од која ќе зависи што ќе правиме во инднина – прецизира Ристов.

Претседателот на РКЕ не очекува да има драстично зголемување на цената што ја плаќаат крајните потрошувачи приклучени на системот за топлинска енергија.

– Во делот на гасот засега нема големи флуктуации за разлика од оние што се случуваат која нафтените деривати и неговата цена е релативно стабилна. Дали ќе има покачување на цената на топлинската енергија за крајните потрошувачи ќе се знае кон крајот на јули, бидејќи поднесувањето  на барањата на компаниите кои работат во овој сектор е заклучно со 30 јуни по што Регулаторот ги обработува подтоците. Во зависност од податоците што ги добиваме од берзите правиме споредба и носиме регулирана цена за која во овој момент не знеме дали ќе биде нешто повисока: Веројатно заради инфлаторните случувања ќе се случи некакво зголемување меѓутоа не се оечкува тоа да биде драстично бидејќи сепак цената на гасот не проасна на пазарите како што е кај нафтените деривати, прецизира Ристов.

Миа

Continue Reading

Претходно: Ден на македонската полиција: МВР го одбележува денот со свечености
Следно: Шампионот Еурофарм Пелистер постигна само два гола во 17 минути, во убедливиот пораз од Вардар 1961!

Поврзани вести

denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

Починати и иселени земале државна помош – Откриени над 4.500 лажни корисници на социјална помош

Шеталиште 06/10/2026 11:23
struja-dalekuvod-grad-600x375-2
  • Економија

ЕЦБ: Европа ја демне двоен удар – енергијата може да ја крене инфлацијата и да го забави растот

Шеталиште 06/10/2026 07:23
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 1
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 2
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06
Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник 75492 3
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

07/10/2026 07:06
Граната најдена во двор во Битола granata 4
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

07/10/2026 07:04
Путин денес го слави својот 74-ти роденден 429740_russia-putin_f 5
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

07/10/2026 07:03

Можеби сте пропуштиле

policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
horoskop-1-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.10.2026)

Шеталиште 07/10/2026 07:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани