Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

РСБСП со апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот

Шеталиште 20/01/2026 09:37
20260120093724_big_730x400_72

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на почетокот на второто полугодие потсетува дека непочитувањето на сообраќајните правила претставува сериозен ризик за безбедноста на децата и може да доведе до тешки последици и нагласува дека безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност и бара континуирано внимание, дисциплина и соработка од сите.

– Со почнувањето на второто полугодие од учебната година се зголемува присуството на деца како пешаци и учесници во сообраќајот, особено во зоните околу основните училишта и детските градинки. Имајќи ја предвид нивната ранливост и ограничената способност за навремена процена на сообраќајните ситуации, безбедноста на децата во сообраќајот претставува приоритет од највисок јавен интерес. Во овој период на зголемен интензитет на сообраќај РСБСП упатува апел до сите учесници во сообраќајот за строго почитување на сообраќајните правила и зголемена внимателност, особено во близина на училишта, пешачки премини и зони со смирен сообраќај – велат од РСБСП.

Апелираат до возачите и родителите да ја приспособат брзината на движење во согласност со поставената сообраќајна сигнализација и условите на патот; да покажат зголемена внимателност и подготвеност за ненадејни реакции на децата, да не паркираат возила на места со намалена прегледност, особено во близина на пешачки премини и влезови на училишта; и континуирано да разговараат со децата за правилно и безбедно движење во сообраќајот и да бидат пример со сопственото однесување.

На децата пешаци им порачуваат дека улицата се поминува исклучиво на обележан пешачки премин; пред преминување задолжително да се застане и внимателно да се погледне лево, десно и повторно лево; да не се истрчува на коловозот и улицата да се поминува со нормален чекор; да се користи тротоарот или пешачката патека, а доколку не постојат, движењето да биде по левата страна од коловозот; и улицата да не се користи за игра и престој.

– РСБСП во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование и наука континуирано ги реализира превентивно-едукативните активности во рамките на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, насочени кон унапредување на сообраќајната култура и подигање на нивото на безбедно однесување кај најмладите учесници во сообраќајот. Преку едукативни предавања и практични активности во образовните установи децата стекнуваат основни знаења и вештини за безбедно учество во сообраќајот. Истовремено, се нагласува значењето на улогата на родителите и возачите како клучни фактори во градењето безбедни навики и одговорно однесување – посочуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Continue Reading

Претходно: Почнува второто полугодие од учебната година
Следно: Германска традиција за време на карневал: Највисокиот снешко досега

Поврзани вести

image-253989
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

Шеталиште 18/06/2026 08:02
zesko-sonce
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

Шеталиште 18/06/2026 07:48
megjunarodna-vozacka-dozvola
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

Шеталиште 18/06/2026 06:43
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината image-253989 1
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

18/06/2026 08:02
Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп а 2
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

18/06/2026 08:00
Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа nafta-1 3
  • Економија

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

18/06/2026 07:48
Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло zesko-sonce 4
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

18/06/2026 07:48
Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура megjunarodna-vozacka-dozvola 5
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

18/06/2026 06:43

Можеби сте пропуштиле

image-253989
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

Шеталиште 18/06/2026 08:02
oriz-so-pileshko
  • Рецепти

Ориз со пилешко и зеленчук

Шеталиште 18/06/2026 08:01
а
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

Шеталиште 18/06/2026 08:00
simona-bitola
  • Настани

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола

Шеталиште 18/06/2026 07:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани