Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Саат кулите во македонските градови – инспирација за креирање на уметничка динамична типографија

admin 24/11/2023 00:00
Screenshot_20231124_115053_Zoho-Mail

Во време на дигитализација, сленгови, латиница во секоја пора од живеењето
не сме свесни дека ја запуштаме Кирилицата а паралелно на тоа, ја запуштаме нашата државност, култура и идентитет. Кирилицата треба внимателно да ја чуваме, да ја модернизираме и да ја користиме. Секоја буква има историја и чувства, секоја буква е наше културно богатство.

Инспирирана од саат кулите во македонските градови, дизајнерката Ангела Христовска, креира уметничка динамична типографија (31 кирилична буква). На дизајнот претходеше анализа на темата односно истражување за постоењето на саат
кулите, нивната функционалност, традиција и приказна која ја носат со себе.

Секоја буква го има во себе кругот како симбол на часовниците, времето,
традицијата и културното наследство на македонските градови. Ова писмо го нарече ВРЕМЕ.

Како што се продлабочуваа приказните за саат кулите, се градеа логотипите за
некои од македонските градови кои во срцето на својот метеж го чувствуваат
отчукувањето на традицијата и историјата. Со користење на буквите од писмото „Време“ се развија логотипи за градовите Битола, Охрид, Прилеп, Крушево и Велес.
Кружните типографски елементи се застапени во секоја буква од овој уметнички динамичен фонт, а композицијата со логотип на градовите пак е инспирирана од механизмот што го движи инструментот за покажување на времето. Механизмот е асоцијација на животот.

Овие логотипи се потсетување за „градовите“ да се грижат за своето културно наследство а за граѓаните да ги раскажуваат своите приказни, бидејќи само такa можеме да ја градиме меморијата на времето кое миналo, само така можеме да ставиме ред во комплексниот универзум.

Логотипите и буквите имаат цел да дадат дополнителна промоција на
македонските градови и знаменитости преку употреба на кирилични фонтови и
типографски елементи и да потсетат на важоста на културното наследство
споменувајќи ги градбите на саат кулите како иницијална точка за будење на свеста за зачувување и негување на кирилицата и културносто наследство.
Логотипите и буквите ги ставаме на располагање на градовите (Локалните
самоуправи) и граѓаните кои можат бесплатно да ги користат.

Проектот Урбана Кирилица го имплементира Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола и се реализира со финансиска поддршка на Министерство закултура на Република Северна Македонија.

Со почит, Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ, Битола

Continue Reading

Претходно: Во Западна Србија падна првиот снег
Следно: Денеска е Св. великомаченик Мина

Поврзани вести

mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
aleksandar-tanevski-1-1536x1069
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ: Александар Таневски нов селектор на Македонија до 21 година, Јакимовски нов претседател на Судискиот одбор

Димитар Петковски 09/09/2026 16:14
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанка го нападнала својот татко, му нанела расекотина

Шеталиште 09/09/2026 10:19
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани