Сонцето и продолжениот празничен викенд донесоа раздвижена атмосфера во Прилеп. Центарот на градот денес беше исполнет со луѓе, разговори и добро расположение, претворајќи ја чаршијата во вистинско место за дружење и уживање.
Најбројни беа младите, но присутни беа и повозрасните, кои го искористија убавото време за прошетка и средби со пријателите. Секој чекор низ центарот носеше нова слика од насмевки, кафе на сонце и жив градски ритам.
Нашата екипа беше на терен за да ги долови најновите моменти од срцето на Прилеп. „Папарацо“ фотографот улови дел од атмосферата, од спонтани средби до секојдневни сцени што го прават градот жив.
Во продолжение, погледнете ја фотогалеријата и почувствувајте дел од денешниот прилепски викенд.
Се гледаме и наредната сабота повторно на Шеталиште!






















