Убавото и топло октомвриско сонце денеска ги извади прилепчани од своите домови и создаде пријатна саботна атмосфера низ градот.
Кафе со пријателите, долг муабет, средби со познаници или едноставно прошетка низ прилепските улици – сончевото време беше одлична можност слободниот ден да се помине на отворено.
Градските кафулиња и улици беа исполнети со луѓе од различни генерации кои уживаа во октомвриското сонце и саботната раздвиженост.
А таму каде што има добра атмосфера, тука е и нашиот „папарацо“ фотограф. Низ неговиот објектив ви пренесуваме дел од денешното саботно кафе во Прилеп.
Погледнете ја атмосферата низ нашата фотогалерија.





















