Првата сабота од септември донесе топло и сончево време во Прилеп, идеално за традиционалното саботно кафе во центарот на градот.
Кафулињата и терасите беа исполнети со прилепчани кои слободното време го искористија за кафе, дружба и разговор со пријателите.
Раздвижено беше и низ градските улици. Млади, повозрасни, семејства и гости уживаа во пријатното септемвриско време.
А нашиот објектив и оваа сабота беше таму за да долови дел од атмосферата.
Погледнете кој се’ денеска уживаше на саботно кафе во Прилеп.
Се гледаме и наредната сабота на Шеталиште!


















