Прилеп и оваа сабота пулсираше во препознатливиот ритам на викендот.
Централното градско подрачје и прилепската чаршија беа исполнети со млади и возрасни, кои го искористија убавото време за прошетка, кафе и дружење.
Традиционалното „саботно кафе“ повторно ги собра прилепчани на едно место. Насмевки, разговори и позитивна енергија можеа да се забележат на секој чекор. Градот живее токму во овие моменти, кога улиците се полни, а атмосферата е топла и пријателска.
Нашиот фотограф беше на терен и успеа да ги улови најубавите моменти од денешната раздвижена сабота.
Погледнете ја фотогалеријата и почувствувајте дел од саботната атмосфера во Прилеп.
Се гледаме и наредната сабота на Шеталиште!





























