Сабота пред Велигден во Прилеп донесе живо градско движење и празнична енергија. Центарот беше исполнет со луѓе – семејства кои се враќаа од пазар со велигденски јајца и бои, млади кои се собираа на кафе, и пријатели што ја започнуваа празничната дружба со насмевки и разговори.
Саботното кафе во Прилеп, особено во велигденските денови, е повеќе од навика. Тоа е дел од традицијата, момент на заедништво и празнична топлина.
Нашата екипа беше таму за да ја долови атмосферата и духот на прилепчани, кои и овојпат потврдија дека саботното кафе е дел од градската приказна.
Се гледаме и наредната сабота – на ново издание на прилепското саботно кафе, со нови средби и нови спомени.



































