И оваа сабота во градот под Марковите Кули владееше вистинска летна атмосфера. Прилепската чаршија беше исполнета со млади, семејства и повозрасни граѓани, кои убавото време го искористија за прошетка, кафе и дружење во срцето на градот.
Традиционалната саботна раздвиженост уште еднаш покажа дека чаршијата останува едно од омилените места за средби и дружење на прилепчани, но и на бројните гости кои престојуваат во Прилеп во текот на летото.
Нашиот „папарацо“ фотограф и оваа сабота беше на терен за да ги забележи најинтересните моменти и атмосферата низ прилепските улици.
Погледнете ја фотогалеријата и можеби токму вие ќе се пронајдете на некоја од фотографиите.
























