Сончевото и топло саботно време ги измами прилепчани да излезат од своите домови и да уживаат во традиционалното саботно кафе во центарот на градот.
Градските кафулиња и тераси беа исполнети уште од претпладневните часови, а пријатното време беше одлична можност за средба со пријателите, разговор и прошетка низ прилепската чаршија.
Нашиот „папарацо“ фотограф и оваа сабота беше на прилепските улици и низ објективот ја забележа атмосферата во градот – насмеани лица, добро расположение и многу прилепчани кои слободното време го искористија за кафе и дружење.
Како изгледаше саботното претпладне во Прилеп, погледнете низ нашата фотогалерија.


















