Уште едно живо и раздвижено издание на традиционалното „корзо“ во центарот на градот. Главната улица беше исполнета со насмевки, средби и пролетна енергија која го негува духот на прилепчани.
Денешниот ден уште еднаш потврди дека Прилеп е град кој ја чува својата традиција и ја претвора во современ ритуал на дружба и радост.
Се гледаме и наредната сабота, на ново издание на прилепско кафе.






















































