Сабота во Прилеп има свој посебен ритам. Центарот на градот и денеска беше место за средби, разговори и неизбежното саботно кафе.
Топлото августовско време ги исполни терасите, а прилепчани го искористија денот за дружење со семејството и пријателите.
Добро расположение, насмевки и кафе во омиленото друштво – слика што традиционално го одбележува саботното претпладне во градот под Марковите Кули.
Низ центарот раздвижено, а нашиот фотограф беше таму за да улови дел од денешната атмосфера.
Како изгледаше оваа сабота во Прилеп, погледнете низ нашата фотогалерија.
До следното саботно кафе само на Шеталиште!

















