Убавината навистина е во младоста, а тоа најдобро се почувствува оваа последна сабота од месец април, кога прилепската чаршија пулсираше со енергија, насмевки и пролетно сонце.
Центарот на градот беше препол со млади луѓе, дружења и позитивна атмосфера. Топол ден, добро друштво и неизбежното саботно кафе создадоа слика што потсетува дека токму ваквите моменти се срцето на градот.
Нашиот „папарацо“ фотограф беше на терен и успеа да ги долови најубавите мигови од спонтани насмевки, стилски комбинации и динамиката на младите кои го прават Прилеп жив и шарен.
Оваа саботна традиција продолжува… Се гледаме и наредната сабота на прилепско саботно „кафе“ на веб-сајтот Шеталиште, со нови моменти, нови лица и уште повеќе добра енергија.






































