Иако минатиот викенд заврши едно од најпосетените летни случувања во Прилеп – Пиво фест, градот и оваа сабота не остана без препознатливата викенд-атмосфера. Прилепската чаршија повторно беше исполнета со граѓани, туристи и гости кои сончевото време го искористија за прошетка, дружење и традиционалното саботно кафе.
Терасите на угостителските објекти беа исполнети уште од претпладневните часови, а низ чаршијата можеше да се почувствува живата атмосфера по која Прилеп е препознатлив во летниот период.
Нашиот фоторепортер и оваа сабота беше на терен и ги забележа најинтересните моменти, насмевките и убавата атмосфера што ја создадоа прилепчани и бројните посетители.
Погледнете ја фотогалеријата и уживајте во дел од денешната атмосфера, а ние повторно се гледаме следната сабота на Шеталиште!


















