Во Прилеп е убаво и кога грее сонце, но и кога врне дожд. Дождливото време не беше пречка прилепчани и оваа сабота да ја продолжат традицијата на саботното кафе во центарот на градот.
И покрај облаците и повремените врнежи, центарот на Прилеп беше раздвижен. Кафулињата ги пречекаа своите гости, а пријателските средби, разговорите и доброто расположение ја создадоа препознатливата саботна атмосфера.
И оваа сабота бевме во центарот на градот за да ви пренесеме дел од атмосферата од прилепското саботно кафе.
Нашиот фотограф ги забележа моментите, насмевките и случајните средби низ прилепските улици.
Во продолжение погледнете ја фотогалеријата и проверете дали и вие сте меѓу фотографираните.
Се гледаме повторно следната сабота на Шеталиште!



















