Сонцето, топлото време и продолжениот празничен викенд донесоа раздвиженост и позитивна енергија во прилепската чаршија оваа сабота. Граѓаните и посетителите уживаа во прошетките, кафето на отворено и дружбата низ улиците на градот под Маркукуле.
Прилепската чаршија беше исполнета со насмевки, разговори и пријатна атмосфера, а убавото време дополнително придонесе за живоста на градот. Нашиот “папарацо“ фотограф беше на терен за да ги долови најновите моменти и урбаната динамика на Прилеп.
Погледнете дел од атмосферата низ нашата фотогалерија и бидете дел од саботната приказна.
Се гледаме и наредната сабота на Шеталиште!




























