Битола и првиот ден од август го дочека во вистински летен дух. Градот е преполн со домашни и странски туристи, а бројните фестивали, концерти, културни настани и забавни содржини му даваат посебна енергија и го прават едно од
најживите места во државата ова лето.
Живее и долгогодишната традиција на саботно „корзо“ на битолчани. И покрај високите температури, Широк Сокак уште од утринските часови беше исполнет со битолчани и посетители кои уживаа во прошетката, кафето и препознатливата атмосфера на градот.
Нашиот „папарацо“ фотограф беше на терен и ги забележа најинтересните моменти од денешната атмосфера.
Погледнете ја фотогалеријата, а ние се гледаме повторно следната сабота на Шеталиште!























































