Првата сабота од месец мај донесе топло и сончево време, продолжен празничен викенд и очекувано голема гужва на Широк Сокак. Битолчани и бројни посетители излегоа да уживаат во пролетната атмосфера, претворајќи ја најпознатата улица во вистински центар на животот.
Како и секоја сабота, така и денес, во фокусот беше традиционалното саботно „корзо“ на битолчани,омилената навика на генерации, каде што прошетката не е само движење, туку и начин на изразување. Млади и возрасни продефилираа по улицата, претворајќи ја во неформална модна писта на отворено, исполнета со стил, насмевки и дружење.
Нашиот „папарацо“ фотограф беше на терен за да ги улови највпечатливите моменти од спонтани средби до внимателно избрани модни комбинации.
Во продолжение, погледнете ја фотогалеријата и почувствувајте дел од атмосферата.
Се гледаме и наредната сабота на Шеталиште!

































































