На Илинден, еден од најголемите државни и верски празници за македонскиот народ, центарот на Битола пулсираше со посебна енергија. Денеска, празничната атмосфера се спои со саботната традиција на битолчани за прошетка низ Широк Сокак, создавајќи вистинска симбиоза од гордост, култура и заедништво.
Илинденското саботно „корзо“ донесе колоритна и живописна атмосфера на најпознатата битолска улица.
Нашиот „папарацо“ фотограф беше таму и успеа да ја долови магијата на моментот преку објективот. Ви ги претставуваме најновите фотографии од денешната „корзо“ атмосфера од спонтани насмевки,дружење и љубов кон градот и празникот.
Сѐ гледаме и следната сабота повторно на Шеталиште, каде што срцето на Битола секогаш чука најсилно!








































