Првата сабота од месец јуни традиционално го донесе и првото „саботно корзо“ за овој месец, а битолчани уште еднаш покажаа дека оваа навика останува неизоставен дел од градскиот живот.
Широк Сокак и денеска беше исполнет со раздвижена атмосфера, насмевки и разговори. Млади, семејства, повозрасни граѓани, но и бројни туристи го искористија сончевото и пријатно време за прошетка низ срцето на градот под Пелистер.
Градот пулсираше во својот препознатлив ритам. Kафулињата беа полни, музиката се слушаше од сите страни, а улицата повторно се претвори во место за средби, дружење и уживање.
Нашиот „папарацо“ фотограф беше на терен и успеа да ги долови најинтересните моменти од денешното корзо: стилот на битолчани, спонтаните средби и живата енергија која ја прави Битола посебна.
Погледнете ја галеријата и почувствувајте ја атмосферата од првото јунско саботно корзо.
Се гледаме и наредната сабота повторно на Шеталиште!













































