И покрај дождот и чадорите кои доминираа на битолското корзо, саботната традиција продолжи без прекин. Битолчани и битолчанки и овојпат излегоа на Широк Сокак, покажувајќи дека ниту лошото време не може да го спречи духот на градот и омиленото саботно „корзо“ на битолчани.
Центарот на градот беше исполнет со движење, разговори и урбана атмосфера, додека дождливото време само додаде посебен шарм на целата слика, правејќи ја Битола налик Венеција.
Како и секоја сабота, така и оваа, нашиот „папарацо“ фотограф беше на терен, подготвен да ги долови најинтересните моменти и спонтани кадри од градското секојдневие.
Во продолжение погледнете ја фотогалеријата и обидете се да се пронајдете меѓу фотографираните.
Се гледаме повторно наредната сабота на Шеталиште!


























































































