И покрај најавите на метеоролозите за нов топлотен бран и високи температури, оваа сабота битолчани, но и бројни гости од други градови, не ја пропуштија можноста да прошетаат по Широк Сокак. Традиционалното саботно „корзо“ уште еднаш ја покажа живоста и уникатната атмосфера на битолското шеталиште.
Нашиот „папарацо“ фотограф беше таму за да ја долови атмосферата од насмевки, дружби и модни детали, до шаренилото на летните бои што ја красат улицата.
Ви ги претставуваме најубавите моменти од оваа саботна прошетка низ срцето на Битола.






















































































































