Иако календарот покажува октомври, сончевите зраци и пријатните температури создадоа вистинска пролетна атмосфера во срцето на Битола. Летните гардероби сè уште не се целосно заменети со есенски, а кафулињата и терасите долж најпознатата битолска улица беа исполнети со посетители.
Традицијата на саботното корзо продолжува и овој викенд. Млади, повозрасни, семејства со деца и пријатели го избраа Широк Сокак како место за средба, разговор и уживање во октомвриското сонце.
А таму каде што се битолчани, таму е и нашиот „папарацо“. И оваа сабота беше на терен, со фотоапаратот во рака, подготвен да ги овековечи најинтересните моменти, насмевки, модни комбинации и случајни средби на најградската улица во земјава.
Битола уште еднаш потврди дека саботното корзо не е само обична прошетка, туку традиција што се негува со генерации и препознатлив дел од градскиот живот.
А како изгледаше денешната саботна атмосфера на Широк Сокак, погледнете низ објективот на нашиот „папарацо“.
Се гледаме и наредната сабота на Шеталиште!

































































