И оваа сабота повторно ги исполни битолските улици со раздвиженост и препознатливата атмосфера на градот. Широк Сокак и денеска беше местото каде што се сретнаа различни генерации битолчани, но и бројни посетители на градот.
Кафе со пријателите, семејна прошетка, средби и разговори… саботното „корзо“ и натаму останува дел од битолскиот начин на живот. Убавото септемвриско време дополнително придонесе центарот на градот да биде исполнет со граѓани.
Од најмладите до повозрасните, секој на свој начин уживаше во саботната атмосфера. Терасите на кафулињата беа исполнети, а Широк Сокак уште еднаш ја потврди својата улога на главно место за средби и дружење.
Корзото во Битола е повеќе од обична прошетка – тоа е традиција која со генерации го чува духот на градот и останува неизоставен дел од битолската приказна.











































