Сончева сабота и вистинско време за продолжување на традицијата на битолското саботно „корзо“ на Широк Сокак. Топлото време ги измами битолчани да излезат на прошетка, дружење и уживање во саботната атмосфера на најпознатото градско шеталиште.
Нашиот фоторепортер беше дел од саботната гужва и преку својот објектив ги улови најубавите и најавтентични моменти од насмевки, средби со пријатели и безгрижни прошетки.
Во продолжение, погледнете ја фотогалеријата и обидете се да се пронајдете меѓу фотографиите.
Се гледаме и наредната сабота, повторно на Шеталиште!



















































