Денот на винарите или Денот на вљубените, без разлика кој празник го одбележуваме, едно е сигурно: Широк Сокак повторно беше преполн. Градското шеталиште и оваа сабота пулсираше во препознатливиот ритам на битолското „корзо“, каде што секој чекор е дел од традицијата.
Саботното излегување на битолчани е повеќе од навика, тоа е ритуал. Ниту празник, ниту студено време не можат да ја сопрат прошетката, кратките средби со пријатели, размената на насмевки и неизбежното кафе во некој од локалите долж улицата. Широк Сокак повторно беше местото каде што се спојуваат генерации, стилови и приказни.
Нашиот „папарацо“ фотограф и денеска беше на терен за да ги улови највпечатливите моменти од прошетките од вљубени двојки и семејства со деца, до младинци кои не ја пропуштаат традиционалната саботна средба. Фотогалеријата говори повеќе од илјада зборови, насмевки, разговори и урбана енергија во срцето на градот.
Битола уште еднаш покажа дека празникот се слави најубаво заедно на Широк Сокак.
Погледнете ја фотогалеријата и пронајдете се во кадарот.
Се гледаме и наредната сабота на Шеталиште!


























































































