Иако календарската пролет се’ уште не е официјално започната, сончевата сабота во Битола донесе вистинска пролетна атмосфера на најпознатата и најградска улица во Македонија, Широк Сокак.
Граѓаните го искористија убавото време за прошетка, кафе со пријателите и уживање во препознатливото битолско саботно „корзо“. Широк Сокак беше исполнет со насмевки, разговори и пријатна атмосфера, која секоја сабота го оживува центарот на градот.
Нашиот „папарацо“ фотограф и овој пат беше на терен и ги забележа најновите моменти од битолското Шеталиште, доловувајќи дел од духот на саботната прошетка.
Погледнете ја галеријата и видете како изгледаше денешното саботно „корзо“ на битолчани.
Се гледаме повторно следната сабота на Шеталиште!





















