Нова сабота, ново саботно „корзо“. И денеска Широк Сокак беше исполнет со голем број битолчани кои ја продолжија долгогодишната традиција на саботното излегување и дружење во центарот на градот.
Млади и возрасни го искористија убавиот саботен ден за прошетка, кафе и средби со пријателите, создавајќи ја препознатливата атмосфера по која битолското корзо е познато.
И оваа сабота нашиот „папарацо“ фотограф беше на терен и со својот објектив долови дел од атмосферата, модните комбинации и насмевките на Широк Сокак.
Кој се’ беше денеска на саботно корзо, погледнете во нашата фотогалерија.
Се гледаме и наредната сабота на Шеталиште!

















































