Пред дождот – сонце, а со него и добро познатата саботна енергија на Широк Сокак.
Главната пешачка улица во Битола и оваа сабота беше исполнета со раздвиженост, насмевки и впечатливи модни комбинации, потврдувајќи дека „корзото“ останува неизоставен дел од викенд традицијата на битолчани.
Граѓаните и посетителите уживаа во пријатната атмосфера, прошетките и дружењата, додека улицата пулсираше во ритамот на современиот урбан живот. Од лежерни дневни комбинации до внимателно одбрани елегантни стајлинзи, модата повторно беше во фокусот.
Нашиот „папарацо“ фотограф беше на терен за да ги улови најинтересните моменти, деталите и стилските изрази кои ја обележаа оваа сабота.
Погледнете ја фотогалеријата и почувствувајте дел од атмосферата на Широк Сокак.
Се гледаме и наредната сабота повторно на Шеталиште!













































