И покрај студеното време и ниските температури, битолчани и битолчанки и оваа сабота не се откажаа од традиционалното корзо на Широк Сокак. Зимските јакни, шалови, капи и ракавици беа неизоставен дел од модните комбинации, а прошетката низ центарот на градот уште еднаш потврди дека корзото е навика која не згаснува.
Муабети со пријателите, насмевки и паузи со топол чај или кафе создадоа пријатна атмосфера на битолското шеталиште, кое и покрај студот беше исполнето со живот. Саботната прошетка останува момент за дружење, размена на впечатоци и уживање во зимската атмосфера на градот.
Нашиот „папарацо“ фотограф беше на терен и ги улови најинтересните моменти, стилски изданија и спонтани средби.
Во продолжение погледнете ја фотогалеријата од денешното корзо на Широк Сокак. Се гледаме и наредната сабота на Шеталиште!































