Високите летни температури не ја нарушија долгогодишната традиција на саботното „корзо“ на битолски Широк Сокак. И оваа сабота, најпознатото градско шеталиште беше исполнето со граѓани, туристи и гости кои уживаа во прошетката низ срцето на Битола.
Млади и возрасни, семејства со деца и посетители од земјава и од странство беа дел од препознатливата атмосфера што со децении го прави Широк Сокак едно од најживите места во градот. И покрај жешкото време, кафулињата беа исполнети, а улицата раздвижена со насмевки, разговори и летно расположение.
Нашиот „папарацо“ фотограф и оваа сабота беше на Широк Сокак, каде низ својот објектив ги забележа најинтересните моменти и најубавите кадри од саботното шетање.
Погледнете ја фотогалеријата и почувствувајте дел од атмосферата на битолското „корзо“.
Се гледаме и наредната сабота на Шеталиште!









































































