Иако денеска владее предизборен молк и облачното време го обојуваше Широк Сокак, битолчани не ја прекинаа традицијата на саботното „корзо“. Со насмевки и добро расположение, многумина излегоа да прошетаат по најпознатата улица во градот и да уживаат во викендот.
Нашиот „папарацо“ фотограф и денеска беше на терен за да ги забележи најновите моменти од битолското шеталиште: дружењето, модните комбинации и препознатливата енергија што ја носи секое саботно попладне во Битола.
Погледнете ја галеријата подолу и пронајдете се меѓу фотографиите. А доколку не ве има овојпат, не грижете се – се гледаме повторно следната сабота на Шеталиште!
































