Секоја сабота, битолчани и бројни посетители го избираат Широк Сокак како омилена дестинација за прошетка, дружење и уживање во живописната атмосфера на градот. Битолското „корзо“ е повеќе од обична навика, тоа е традиција што ја спојува младоста со искуството, локалното со глобалното, спонтаноста со стилот.
И оваа сабота, трета по ред, ја продолживме оваа убава летна рутина, фаќајќи ги највпечатливите моменти преку објективот на нашиот „папарацо“ фотограф. Галеријата што ја споделуваме со вас е сведоштво за духот на Битола: елегантна, живописна и секогаш полна со живот.
Погледнете ги фотографиите и почувствувајте ја магијата на летното „корзо“ на Широк Сокак.
Се гледаме повторно следната сабота на истото место, со истата љубов кон Битола.





























