Иако температурите денеска беа ниски, Широк Сокак беше исполнет со живот, насмевки и динамика. Студеното време не ги спречи битолчани да ја продолжат традицијата на саботното „корзо“, прошетка која со години претставува симбол на градската култура и начин на живот.
Млади, семејства со деца, повозрасни граѓани, како и бројни гости на градот, денеска прошетаа по најпознатата пешачка улица во Битола. Кафулињата беа исполнети, разговорите се водеа на секој чекор, а атмосферата беше топла и покрај студот и облачното време.
Нашиот „папарацо“ фотограф беше на лице место за да ги забележи најинтересните моменти, модни комбинации и спонтани насмевки кои ја одбележаа оваа сабота.
Во продолжение погледнете ја фотогалеријата и доживејте дел од атмосферата.
Се гледаме и наредната сабота на Шеталиште!
























































