Претпоследната сабота од август донесе високи температури, летна атмосфера и голем број посетители на битолски Широк Сокак.
И денеска традиционалното саботно корзо блескаше во сиот свој сјај. Битолчани, но и бројни гости и туристи, го исполнија Шеталиштето, уживајќи во сончевото време, утринското кафе и препознатливиот битолски дух.
Нашиот фотограф и оваа сабота беше на терен за преку објективот да ги долови најубавите моменти и атмосферата од срцето на Битола.
Погледнете ја фотогалеријата и почувствувајте дел од денешното саботно корзо.
Се гледаме и наредната сабота на Шеталиште!









































































