Саботното „корзо“ во Битола повторно блесна во својот препознатлив ритам, носејќи ја атмосферата по која Широк Сокак со години е симбол на градскиот живот.
И оваа сабота, познатото битолско шеталиште беше исполнето со млади и повозрасни, туристи, семејства, како и матуранти кои ги привлекоа погледите со својот стил и енергија. Модата, како и секогаш, беше во прв план од внимателно избрани комбинации, тренди детали и самодоверба што се чувствува на секој чекор.
Но, „корзото“ не е само за покажување стил. Тоа е место за средби, за разговори со пријатели, за спонтани насмевки и за уживање во неизбежното кафе на некоја од терасите долж Широк Сокак. Токму таа комбинација на урбан дух и топлина ја прави оваа традиција жива и денес.
Нашиот „папарацо“ фотограф повторно беше на терен, забележувајќи дел од најинтересните моменти. Погледнете ја фотогалеријата и можеби ќе се пронајдете меѓу фотографираните.
Ако овојпат не сте дел од приказната, не грижете се.
Саботното „корзо“ продолжува, а следната средба на Шеталиште веќе ве чека!



























































































