Широк Сокак денес се претвори во вистинско живо платно, каде уметноста и секојдневието се споија во едно.
На повеќе локации низ Широк Сокак, минувачите имаа можност да бидат дел од уникатно улично доживување, живи статуи кои со својата креативност и впечатлива изведба ја претворија улицата во театар без ѕидови. Секој чекор носеше ново изненадување, а атмосферата беше исполнета со љубопитност, аплаузи и фотографирање.
Битола овие денови живее во духот на Меѓународниот фестивал на монодрамата, а ваквите улични перформанси се уште една потврда дека културата може да биде достапна, жива и блиска до сите.
И оваа сабота, нашиот „папарацо“ фотограф беше на терен и успеа да ги забележи највпечатливите моменти: реакции, детали и емоции кои најдобро ја раскажуваат приказната за денешниот ден.
Се гледаме и наредната сабота повторно на Шеталиште, со нови приказни и нови кадри од градската динамика.





















































