Сите имаме омилено годишно време. За некого тоа е пролетта, за друг летото, а некои најмногу ги сакаат есента или зимата. Есента веќе пристигна во Битола, а со неа и пониските температури, облаците и дождот.
Но, ниту врнежливото и тмурно време не беше пречка Широк Сокак и оваа сабота да биде исполнет со битолчани и гости. Со чадори и есенска облека, млади и повозрасни излегоа на традиционалното саботно „корзо“, уживајќи во препознатливата атмосфера во центарот на градот.
Заврши и 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, но дел од гостите сè уште се во градот, па на Широк Сокак и денес можеше да се почувствува дел од филмската атмосфера што изминатите денови ја живееше Битола.
А таму каде што се битолчани, таму е и нашиот „папарацо“. Нашиот фотограф и оваа сабота беше на терен за да ги долови моментите од есенското саботно корзо.
Во продолжение погледнете ја фотогалеријата и проверете дали нашиот објектив ве „уловил“ и вас.
Се гледаме и следната сабота на Шеталиште!

































































