Иако есента веќе полека ги носи постудените денови, битолчани остануваат верни на традицијата за саботно „корзо“ на Широк Сокак. Последната сабота од месец септември повторно го исполни шеталиштето со насмевки, дружење и убаво расположение.
Нашиот „папарацо“ фотограф не пропушти да ги забележи моментите и оваа сабота, носејќи ви дел од атмосферата преку фотогалеријата. На фотографиите ќе ги најдете добро расположени битолчани, гости од други градови, како и бројни семејства и пријатели кои го искористија викендот за прошетка низ градот.
Во продолжение погледнете ја фотогалеријата од денешниот ден и уживајте во дел од убавата битолска атмосфера.
Се гледаме и следната сабота повторно на Шеталиште!

















































































































