Последната сабота од 2025 година донесе сончево, но студено време, сонце „со заби“, како што велат битолчани. И покрај ниските температури, Широк Сокак и овој викенд беше исполнет со раздвиженост, прошетки и празнично расположение.
Саботното „корзо“ во предновогодишно издание повторно ги собра граѓаните, кои излегоа да прошетаат, да се сретнат со пријателите и да ја почувствуваат зимската атмосфера во градот под Пелистер.
Нашиот „папарацо“ фотограф и оваа сабота беше на терен, подготвен да ги забележи најубавите и најинтересните моменти од битолското корзо.
Во продолжение, погледнете ја фотогалеријата и пронајдете се меѓу фотографиите, а доколку не се најдете, не грижете се, има уште саботи пред нас во Новата 2026 година.
Се гледаме и наредната сабота повторно на Шеталиште!

























































































