Последната сабота од март повторно го разбуди препознатливиот ритам на Битола. Широк Сокак беше исполнет со насмевки, разговори и раздвиженост што е вистинска слика на традиционалното саботно „корзо“ на битолчани кое со децении е симбол на градскиот живот.
Граѓаните и посетителите уживаа во сончевото време, прошетките и дружбата, создавајќи атмосфера која ја прави Битола посебна. Од млади до повозрасни, сите беа дел од оваа урбана приказна што секоја сабота се раскажува повторно, но секогаш на уникатен начин.
Нашиот „папарацо“ фотограф беше на терен каде ги забележа најинтересните моменти и ја долови живата енергија на градот.
Саботното „корзо“ продолжува да биде место каде што се среќаваат пријателите, се разменуваат приказни и се создаваат нови спомени.
Се гледаме и наредната сабота на Шеталиште!




















