Брокулата, крцкавата сланина, сувото грозје и семките од сончоглед се храна што совршено се комбинираат, а со парче леб имаме одличен оброк.
Состојки:
1 главица брокула
1 црвен кромид
200 грама сланина (пржена)
100 грама суво грозје
100 грама семки од сончоглед
Дресинг:
500 грама кисела павлака
3 лажици балсамико
1 лажица мед
Подготовка
Исечете ја брокулата на мали парчиња и малку обарете ја во солена вода. Исцедете ја брокулата и додадете исецкан црвен кромид, пржена крцкава сланина, суво грозје и семки од сончоглед.
За дресингот: измешајте ги состојките од павлака, балсамико и мед, прелијте ја салатата од брокула и добро измешајте.
МИА

