Санкционирани 103 возачи за брзо возење во Битола

0
Споделивања

При засилена сообраќајна контрола на СВР Битола вчера во периодот од 14.00 до 20.00 часот беа санкционирани 103 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

Од вкупно 103 возачи, 63 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 40 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од СВР Битола информираат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во следните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-апелираат од СВР-Битола.

0
Споделивања
Exit mobile version