Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Балкан

Санторини и Миконос на врвот на листата пренатрупани туристички дестинации во ЕУ

Шеталиште 11/07/2025 06:31
santorini-grcija-1

Грчките острови Санторини и Миконос се најдоа на врвот на листата на пренатрупани туристички дестинации во Европската Унија, според податоци на германската Сојузна канцеларија за статистика, објавени денеска.

Според индексот на туристичка густина, во 2023 година во Јужниот Егеј – административен регион на Грција што ги опфаќа островите Санторини, Миконос и Родос – биле регистрирани 117 ноќевања по жител, јави ДПА.

На второ место се најде регионот на Јонските Острови во западна Грција, вклучувајќи го и Крф, со 98 ноќевања по жител, додека третопласиран беше италијанскиот планински регион Јужен Тирол со 68 ноќевања по жител.

Хрватското јадранско крајбрежје и шпанските Балеарски Острови следат со по 67 ноќевања по жител, а грчкиот остров Крит и австрискиот Тирол со по 55.

Наспроти тоа, одредени региони во Полска и Романија забележале многу мала туристичка активност, со помалку од едно ноќевање по жител во 2023 година.

Во Германија, највисока туристичка густина била забележана во североисточната покраина Мекленбург-Предна Померанија, која вклучува балтички брег и популарниот езерски регион. Таму биле регистрирани 18 ноќевања по жител, што го сместува регионот на 17. место од вкупно 237 административни региони во ЕУ.

Во апсолутни бројки, најпосетена административна област во Европа во 2023 година биле Шпанските Канарски Острови, со вкупно 95,6 милиони ноќевања. Но, поради нивната поголема популација од над два милиони жители, тие се рангираа дури на 10. место според туристичка густина.

Најпосетена германска дестинација била Горна Баварија, вклучувајќи го и градот Минхен, со вкупно 41,6 милиони ноќевања.

Continue Reading

Претходно: Денеска се празнува преносот на моштите на Светите маченици Кир и Јован
Следно: Денеска пријатно време со температури до максимални 33 степени

Поврзани вести

ofs-bitola--1536x1182
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ОФС Битола убедливо изгуби од Тим Рханбартол во УЕФА Купот на регионитe

Димитар Петковски 03/09/2026 07:40
protest grcija
  • Балкан

Земјоделците од Грција на 5 септември излегуваат на голем протест во Солун

Шеталиште 31/08/2026 08:26
Screenshot_20260830_203620_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

Македонија дојде до убедлива победа над Австрија (91:59) во втората претквалификациска рунда (Фото)

Димитар Петковски 30/08/2026 18:38
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 2
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 4
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани