Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Промо

Свесност:LIVE sessions – Машките приказни што ги отворија вратите на нова култура на разговор

Шеталиште 02/12/2025 08:43
589967560_834965195840110_894134032945089206_n

Во Битола се одржа првото издание на Свесност:LIVE sessions, концепт креиран за да отвори простор за искрен, зрел и терапевтски дијалог во урбана средина.

Иако се случи во последните денови на ноември, месец што традиционално се поврзува со машкото и менталното здравје, тимот зад Свесност свесно реши да го напушти трендот на MOVEMBER и да го врати фокусот кон суштината: разговор, а не маркетинг.

  • Кои се „Свесност“?

„Свесност“ е тим од пет лиценцирани психотерапевти од Битола, кои работат во областите на современа психотерапија, психоедукација и ментално здравје:

  • Марина Кузмановска
  • Катарина Крстевска
  • Рената Димановска
  • Вики Тодоровска
  • Љупчо Кимовски

Тие ја развија платформата Свесност:LIVE како отворено место за вистински разговори, надвор од терапевтската ординација, поблиску до секојдневието и луѓето.

  • Четири мажи, четири вистини

На првата сесија гостуваа четири различни гласови од спорт, медицина, медиуми и секојдневие и сите дојдоа со истата намера: да зборуваат искрено.

Стефче Стефановски – ракометна легенда, поранешен репрезентативец и селектор на националниот тим, зборуваше за тишините што ги знае само тимот, за падовите што никој не ги гледа и за тоа што значи да останеш лидер и кога резултатот не е на твоја страна.

„Силата мораш да ја извадиш од себе, затоа што друга опција нема. На терен тимот ти држи грб, но во главата одиш сам.“ – е една од неговите бројни изјави.

Зоран Мишевски човекот што со години им дава глас на други, а овојпат зборуваше за себе. 32 години спортско новинарство, илјадници преноси, генерации спомени. Зоран зборуваше за животот зад микрофонот, за моментите кога јавноста ги слуша резултатите, а тој ги слуша сопствените стравови.

Тој меѓу другото изјави: „Кога се обидуваме да ги контролираме нештата тогаш чувствуваме најмногу стрес. Јас цел живот работам работа во која контролата не постои.“

Третиот гостин беше Д-р Игор Спироски кардиологот што зборува и за срцето што не се гледа на ЕКГ. Познат интервентен кардиолог, дваесет години дел од Клиниката за кардиологија, сега дел и од тимот на Клиничката болница Битола.

Д-р Спироски отвори тема што ретко се слуша од лекар, а тоа е психолошката страна на срцето.

„Мозокот е второто срце. А срцето е втор мозок. И двете болат, и двете лекуваат.“ – кажа тој.

Љупчо Кимовски ја водеше вечерта како вистински терапевтски простор, не како панел, туку како средба. Со смиреност, слух и вистински поставени прашања, ја извлече суштината: дека мажите навистина сакаат да зборуваат, само им треба место што не ги тера да глумат.

„Кога разговорот е искрен, нема публика има луѓе.“ – кажа тој.

  • Зошто токму ноември, и зошто токму вака?

Ноември одамна е месец на менталното и машкото здравје, но движењето MOVEMBER низ годините стана повеќе симбол отколку суштина. Мустаќите ја покрија пораката, брендовите ја покрија потребата, а разговорот исчезна.

Свесност не сака да биде дел од тренд, туку дел од решение. Затоа велат: „Започнавме во ноември, но не завршуваме во ноември.“

Ова е само првата сесија. Следната тема ќе ја објават наскоро. “Свесност не е месец. Свесност е навика.” – упатија порака организаторите.

фотограф: Јани Патче

локација: Училница

музичко друштво: BerryQyat

567731675_1377219757331581_8506940831797568419_n
568156768_1403049424572849_7455787642364724798_n
568187588_24966999142922310_2546876559632497257_n
569194657_776648328725094_8961095245797193717_n
569215655_1586283279355662_877294552933390202_n
569766504_1212051244117982_691732637145547754_n
576472166_819654257740608_5844688375905175386_n
582093380_2372231149896721_7328815399356979975_n
582192624_1208146104583041_180352743380974242_n
582234303_4283366285266711_884419351264097459_n
582326705_1401310221615344_6499913528297061232_n
582328625_1285541356673826_8352497076925235735_n
588899820_1578336086929466_7151403152907129979_n
589044127_2250199668808963_6827354071254928287_n
589483316_2018542615608393_8128671532288766466_n
589810828_1925844914681937_9010080605551057510_n
589896257_834391122631155_2900223764685623060_n
590536670_1190918626298700_2003245013015687961_n
590673679_850492574010939_2729335886893011516_n
591255348_1532532384562308_2561268621628645777_n
591770178_26024638570472452_3762846589076846743_n

Continue Reading

Претходно: GREEN TECH PELAGONIA-Стартап Програма на ПРЕДА Плус: Поттикнување иновации во Пелагонискиот регион
Следно: Студено утро, најниска температура измерена во Берово

Поврзани вести

VLOG
  • Промо

Твоето следно возило те чека во Минт Центар

Шеталиште 03/09/2026 13:26
BACK_TO_SCHOOL_-_VLOG
  • Промо

Учебната година почна, а ти уште не си спремен? Mint Store е тука!

Шеталиште 03/09/2026 12:24
_Mintins
  • Промо

Повеќе понуди, Полесен избор со Минт Инс

Шеталиште 31/08/2026 07:59
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата FB_IMG_1788757725107 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

07/09/2026 05:24
Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 2
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 3
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 5
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1788757725107
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

Димитар Петковски 07/09/2026 05:24
Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани