Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Свети мошти на еден од најголемите светители стигнаа во Македонија – еве каде ќе се чуваат

Шеталиште 02/02/2026 10:11
7

Манастирот посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец во селото Рајчица, во рамките на Дебарско-кичевската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, се здоби со исклучително значаен духовен дар – свети мошти на Свети Василиј Велики.

Манастирот се наоѓа во епархијата со која раководи новоизбраниот надлежен архијереј, Неговото Високопреосвештенство митрополит Георгиј, а пристигнувањето на моштите претставува особено значаен настан не само за епархијата, туку и за целата Македонска православна црква – Охридска архиепископија. 

Моштите на еден од најголемите Христови јерарси и столбови на Православната црква пристигнаа викендов во манастирот, каде што ќе имаат свој траен престој. Тие се дар од јеромонахот Стефан Симион од Православната црква на Романија, игумен на манастирот на Светиот пророк Илија во регионот Лацио, Италија.

Од манастирот информираат дека светите мошти потекнуваат од ризницата на реликвии на Католичката црква, каде што низ историјата биле пренесувани од Истокот. Нивната автентичност е потврдена со оригинални ватикански печати, втиснати под самите мошти, како и на задната страна од реликвијарот во кој се положени.

Пристигнувањето на моштите беше дочекано со голема духовна радост од монашкото братство и бројни православни верници, но и од други граѓани, кои овој настан го доживуваат како голем благослов за Црквата и за целиот регион.

Овој чин се оценува и како значајно духовно и црковно признание за Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во нејзините настојувања за целосно прифаќање и потврда на автокефалноста, а со трајниот престој на моштите во манастирот Рајчица, сите верници и граѓани ќе имаат можност со искрена вера да побараат молитвено застапништво од Свети Василиј Велики, еден од најзначајните светители и богослови на раното христијанство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Continue Reading

Претходно: ЈП „Стрежево“ – Битола почна со издавање дозволи за рекреативен риболов
Следно: Дневен хороскоп (02.02.2026)

Поврзани вести

dozd-avtomobil-pat
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Шеталиште 17/02/2026 08:42
dozd-1
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

Шеталиште 17/02/2026 07:13
pat_sneg_1000x666-1
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

Шеталиште 17/02/2026 07:09
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка dozd-avtomobil-pat 1
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

17/02/2026 08:42
Прекин на водоснабдување во делови од Битола Untitled-design-43-1 2
  • Битола инфо

Прекин на водоснабдување во делови од Битола

17/02/2026 08:40
И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето dozd-1 3
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

17/02/2026 07:13
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила pat_sneg_1000x666-1 4
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

17/02/2026 07:09
„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 5
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22

Можеби сте пропуштиле

4
  • Настани

НУ Камерен Оркестар на Битола ја отвора концертната сезона 2026 со концертот „Вечер на романтични балади“

Шеталиште 17/02/2026 12:54
horoskop-opsta-4
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.02.2026)

Шеталиште 17/02/2026 08:58
donkey-santorini-pxhere-696x385
  • Патувањa

Санторини има нови правила за туристите – превозот со магариња не е достапен за сите

Шеталиште 17/02/2026 08:53
20260217090228_big_730x400_12
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Хронична грануломатозна болест

Шеталиште 17/02/2026 08:51

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани