Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Светскиот мјузикл од Бродвеј „Mamma Mia“ на 18 октомври во Скопје

Шеталиште 14/08/2025 13:49
2

На 18 октомври 2025 година, арената „Борис Трајковски“ ќе блесне во полн сјај, претворајќи се во сцена на еден од најуспешните мјузикли во историјата – „Mamma Mia!“

Со повеќе од две децении триумф на Бродвеј, Вест Енд и на најпрестижните сцени ширум светот, „Mamma Mia“ претставува врвна комбинација на заразни мелодии, моќна енергија и топла, човечка приказна. Преку песните „Dancing Queen“, „Super Trouper“, „The Winner Takes It All“, „Gimme! Gimme! Gimme!“, „Mamma Mia“ оживува една забавна, емотивна и незаборавна авантура што ги освојува сите генерации.

Неговата тајна? Моќна, искрена и трогателна приказна за љубов, пријателство и откривање на сопствениот идентитет, која допира до срцето на секој гледач. Приказната го следи патувањето на една млада жена во потрага по својот идентитет и љубов, обвиена со хумор, романса и неочекувани пресврти. Ова е театар во кој музиката, кореографијата, сценографијата и емоцијата се спојуваат во единствено, моќно искуство.

150 уметници на сцена – хор, балет и жив оркестар. Спектакл со импресивна сценографија, магични светлосни ефекти, динамични проекции и раскошни костими што ја оживуваат приказната пред вашите очи.

Магијата на “Mamma Mia” е во совршениот спој на длабоко човечка приказна и безвременските хитови на ABBA, песни кои повеќе од половина век ја движат публиката на сите континенти. Тоа се химни на генерациите кои ќе ги чуете во ново, театарско руво, изведени со раскошна енергија и емоција што само живата сцена може да ја понуди.

На 18 октомври, Скопје ќе биде дел од светската мапа на градови што ја живееле оваа приказна. Ќе пеете, ќе се смеете, можеби ќе пуштите и по некоја солза, но со сигурност ќе заминете исполнети со чувство дека сте биле дел од нешто големо и нешто што ќе го паметите.

Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и ЈК травел Дајмонд.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5682

Continue Reading

Претходно: Пронајди го X во Деус – Битола
Следно: ДУИ: И во спортот дискриминација и етничко исклучување со алармантни размери

Поврзани вести

festival-prilep
  • Вести
  • Култура
  • Прилеп инфо
  • Театар

Во Прилеп почнува 60 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Шеталиште 05/06/2026 06:22
4B2B1E29-D95F-4EA3-A815-0138B7E7DF96
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Бродвеј пристигнува во Битола: „The Music Man Jr.“ на 5 јуни во Центарот за култура

Шеталиште 02/06/2026 13:57
mtf-poster-datumi-1-1
  • Настани
  • Театар

Онлајн продажба на билетите за МТФ „Чернодрински“ од 28 мај, физичка – од 1 јуни

Шеталиште 27/05/2026 11:13
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица Screenshot 2026-06-17 123422 1
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

17/06/2026 13:00
НБРМ ја зголеми основната каматна стапка 1-denari-pari-1 2
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

17/06/2026 12:48
Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски sv-mitrofan 3
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

17/06/2026 07:19
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер Oblacno-vreme-vo-skopje 4
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

17/06/2026 07:18
Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 5
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18

Можеби сте пропуштиле

Screenshot 2026-06-17 123422
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

Шеталиште 17/06/2026 13:00
1-denari-pari-1
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

Шеталиште 17/06/2026 12:48
DSC02056
  • Промо

КС Групација ја реализираше својата 18- та крводарителска акцијa

Шеталиште 17/06/2026 09:46
Sonce
  • Занимливости

Експертите предупредуваат: Сè поголем ризик од суша во Македонија

Шеталиште 17/06/2026 09:34

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани